НАЈГОЛЕМИОТ ГУБИТНИК ВО ИСТОРИЈАТА НА ФУДБАЛОТ: ХАРИ КЕЈН!

Фудбалската репрезентација на Шпанија стигна до рекордната четвртата титула на континенталните првенства откако во финалето на ЕП во Германија на „Олимпискиот стадион“ во Берлин славеше над Англија со 2-1.

Капитенот на Англија, Хари Кејн и овојпат не успеа да стигне до својот прв трофеј во професионалната кариера и дефинитивно се уште го задржува епитетот најголем губитник во историјата на фудбалот.

Долги години беше дел од Тотенхем со кој загуби во финалето на Лигата на шампионите од Ливерпул, а годинава премина во Баерн Минхен како конечно би го прекинал проклетството. Сепак, не се случи ни тоа бидејќи Баварците успеаја по десет години да ја загубат титулата во Бундеслигата од Баер Леверкузен. На репрезентативен план ова е второ загубено финале за Кејн, откако пред три години на пенали загубија Англичаните од Италија.

 

Се вчитува...