Најголемиот измамник во историјата на фудбалот – Никогаш не даде гол, ја измами мафијата, а сакаше само секс

Карлос Енрике Кајзер е најголемиот измамник во историјата на фудбалот. Човекот кој повеќе од 20 години играше како напаѓач, а никогаш во кариерата не постигна гол. Со неверојатниот шарм како главно „оружје“ секогаш успеваше да ги натера клубовите да му понудат убав договор.

Жртви на неговата измама не беа нискоразредни, аматерски клубови, туку великаните во бразилскиот шампионат. На неговиот список може да се најдат Васко де Гама, Фламенго, Флуминенсе, Ботафого, како и францускиот Ајачио и мексиканскиот Пуебла. Неговата стратегија била многу едноставна. Првиот чекор е пријателството. Во почетокот на 80-тите тој беше добар пријател со Ромарио, Бебето, Ренато Гаучо… Во кој клуб и да добиеја ангажман, тие веднаш ги уверуваа сопственикот и спортскиот директор дека постои талент кој се вика Кајзер. Верувајќи на зборот на одличните фудбалери, клубовите му нудеа договор на Кајзер.

Тој ги убедуваше тренерите дека му требаат неколку месеци да влезе во форма, а слободниот период го користеше како би одвел што е можно повеќе жени во кревет. По месец дена одбегнување и изговори, тој се појавуваше на тренинзите и веднаш почнуваше со третиот дел од неговата измама. Штом почне тренингот тој веднаш бараше да добие топка, а откако ќе ја примеше веднаш се ослободуваше од неа и се фаќаше за задната ложа. Ќе викнеше од болка и повторно одеше на опоравување од повреда.

Тој беше еден од првите фудбалери кои имаа мобилни телефони, но само лажен. Тој во просториите на клубот разговараше на англиски јазик, велејќи дека добива понуди од други клубови како би можел да добие што подобар договор. Сепак, во една ситуација бил фатен во лагата од клупскиот доктор, но веќе следниот ден самиот барал раскин на договорот.

Кога се случи да мора да влезе за првпат во игра во бразилскиот шампионат бидејќи голем дел од фудбалерите беа повредени, тој знаејќи дека навивачите се во конфликт со управата на клубот пред неговото влегување во игра се затрча кон трибините и почна да ги провоцира, по што доби црвен картон од судијата и не влезе во игра. Откако се засити од фудбалот во Бразил кариерата ја продолжи во француски Ајачио. На неговото претставување имаше 1000 навивачи, бидејќи беше првиот Бразилец што потпиша за клубот од Корзика. Сепак, за да не мора да ги покажува своите „фудбалски способности“ тој сите топки кои беа на теренот ги шутна во публика.

Во Ајачио остана неколку години во кои собра околу 20 настапи. Секој пат влегуваше од игра, а ниту еднаш не се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...