Најголемиот кажа збогум: Никола Карабатиќ ја заврши ракометната кариера

Несреќниот пораз на Франција од Германија во четвртфиналето од ОИ во Париз значеше и крај на кариерата на Никола Карабатиќ, легендата што за многумина важи и за најдобар светски ракометар на сите времиња.

Со самиот настап на шестите Олимписки Игри Карабатиќ стана апсолутен рекордер во оваа категорија, надоврзувајќи се на низата неверојатни достигнувања што ги има остварено во својата неповторлива кариера.

Големиот ас дебитираше на врвните натпреварувања во 2023 година и оттогаш настани на речиси сите големи натпреварувања, освојувајќи 18 медали од кои дури 11 златни.

Се вчитува...