Најголемиот македонски адут за медал, Нуров запрен во четвртфиналето на СП

Ниту најголемиот македонски адут за медал на Светското првенство во борење кое се одржува во Белград, Србија, Магомедгаџи Нуров не успеа да дојде до посакуваната цел.

Нуров во категоријата до 97 килограми беше запрен во четвртфиналето на шампионатот, по поразот од Грузиецот Мачарашвили со 4-6.

Претходно, во осминафиналето македонскиот борач го победи Кинезот Мухетите убедливо со 14-4.

Се вчитува...