Светското фудбалско првенство во 2023 година ќе одбележи стогодишнина од првото издание на Мундијалот во Уругвај и ќе биде далеку поразлично од собирите на најдобрите фудбалски репрезентации на кои што сме навикнати.
Мундијалот ќе се одржи во шест држави со тоа што Аргентина, Уругвај и Парагвај ќе бидат домаќини на три натпревари, а останатите 104 ќе се одиграат во Мароко, Шпанија и Португалија.
Кога е во прашање потребната инфраструктура големи планови имаат Мароканците кои градот Мансури кој се наоѓа на четириесетина километри од Казабланка започнаа подготовките за изградба на стадион со капацитет од 115 илјади места.
Грандиозниот стадион чија финална изградба е предвидена во 2028 година со тоа ќе биде најголемиот стадион на светот по капацитетот. Овој прокет чини 450 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

