Најголемиот талент на Аргентина станува „граѓанин“, Манчестер Сити си обезбеди нов напаѓач

Манчестер Сити го обезбеди потписот на најголемиот талент на Аргентина, Хулиан Алварез, за кој е платена откупна клаузула од 18,5 милиони евра. Челниците на Сити воопшто не чекале, па веднаш ја исплатиле сумата што ја побарал Ривер Плејт.

Хулиан Алварез важи за еден од најголемите таленти во Аргентина, но на Сити ќе му се приклучи од јули месец, со оглед на фактот дека „граѓаните“ се сложиле на позајмица до крајот на тековната сезона.

Напаѓачот има само 21 година, Хулиан Алварез за Ривер Плејт запиша 53 натпревари, а постигна 23 голови и 15 асистенции. Алварез е веќе репрезентативец на Аргентина, а досега има настапена на пет официјални натпревари.

Се вчитува...