Најголемиот трагичар сезонава – Милан му го зема скудетото, а Алонсо девојката

Романскиот голман Јонут Раду е дефинитивно најголемиот трагичар сезонава кога е во прашање фудбалскиот свет. Поради неговата грешка на натпреварот со Болоња неговиот клуб Интер ја загуби титулата во Серија А, а брзо по тоа ја изгуби и девојката.

Италијанските медиуми пишуваа за неговата врска со „италијанската Меган Фокс“, Каролина Страмаре. Манекенката е фотографирана во друштво на ѕвездата на Челси, Маркос Алонсо кој летниот одмор се одлучи да го помине во друштво со пријателите.

 

Се вчитува...