Секое лето големи најавени трансфери пропаѓаат, иако веќе беа пред реализација. Така беше и во овој преоден рок, кога се очекуваше некои играчи да ја сменат средината, а на крајот не го сторија тоа.
Кој можеше да претпостави дека Душан Влаховиќ и натаму ќе остане дел од Јувентус? После толку голема фама за негово заминување, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Милан… беа клубовите во кои се поврзуваше, за на крајот, сепак, да ги отпакува куферите.
Рандал Коло Муани е исто така директно поврзан со Влаховиќ, кого го „гледавме“ повторно во дресот на Јувентус цело лето. Личните услови никогаш не беа проблем, Французинот сакаше да се врати во Торино по завршувањето на позајмицата, но едноставно беше премногу скап.
На оваа листа дефинитивно мора да се најде и неуспешниот трансфер на Ник Вилијамс во Барселона, односно како шпанскиот репрезентативец ги „направи“ Каталонците и потпиша нов договор.
Излегдаше дека и трансферот на Марк Гехе во Ливерпул е готова работа, меѓутоа на крајот не се оствари. Се шпекулира дека Кристал Палас го блокирал во последен момент, откако менаџерот Оливер Гласнер се заканил дека ќе си замине ако биде продаден во Ливерпул.
Сагата траеше долго и околу Адемола Лукман, кој се скара со Аталанта и бараше трансфер, но на крајот не се оствари.
Исто така и заминување на Родриго беше готова работа. Се гледаше неговото незадоволство во првите натпревари со Реал Мадрид и соработката со Чаби Алонсо. Беше поврзуван со Арсенал, Манчестер Сити, меѓутоа на крајот остана во Мадрид.
Савињо беше нарекуван „бомба од Тотенхем“ која на крајот не се оствари. Се споменуваше сума од 80 милиони евра, но на крајот го доведоа Чави Симонс.
Најголем губитник се чини дека е Емилијано Мартинез, голманот на Астон Вила кој беше пред промоција во Манчестер Јунајтед, потоа и поврзуван со Галатасарај, но не излезе ништо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

