На собранието на европските фудбалски клубови кое се одржува во Амстердам една од главните теми се очекува да биде концептот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за проширено Светско клупско првенство.
Како и УЕФА така и европските клубови се противат на идејата за проширување на овој турнир на 24 екипи од кои осум од Европа. Новиот формат на натпреварувањето според идејата на Инфантино треба да почне во 2021 гоина, а би се одржувало од 17 јуни до 4 јули.
Клубовите реагираат затоа што воопшто не биле консултирани за ваквиот план, имаат забелешки и на финансискиот дел, се противат на овој концепт поради тоа што Светското клупско би и пречело на Лигата на шампионите и особено што ова значи дека играчите нема да имаат одмор од почетокот на сезоната 2020/21 до крајот на сезоната 2022/23 на што дополнително ќе влијае и поместувањето на Светското првнество во Катар во зимски период.
Во писмото што клубовите го испратија до УЕФА пред гласањето за проширување на Светското клупско првнество нагласуваат дека нема да учествуваат на турнирот во 2021 година. УЕФА ја поддржува нивната позиција, но јасно е дека европските клубови се осамени во опзицискиот фронт бидејќи остатокот од светот е со Инфантино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА