Најголемите олимписки „ѕвезди“ во Пјонгчанг

По завршувањето на Зимските Олимписки Игри, еве мало навраќање со одбележување на петте спортисти кои оставија најсилен траг во Пјонгчанг…

Јоханес Хесфлот Клаебо

Новиот суперталент на норвешкото нордиско скијање блесна во најсилен можен сјај во Пјонгчанг, на 21-годишна возраст стигнувајќи до три златни олимписки медал. Тој беше првопласиран во спринтовите во индивидуална и во тимска категорија, а потоа триумфираше и како дел од норвешката штафета 4х10 километри. Хесфлот Клаебо беше најавен да учествува и на трката од 50 километри, но во последен момент се откажа со образложение дека е „задоволен од оствареното на овие ЗОИ“.

Мартин Фуркад

Францускиот бијатлонец ја оправда својата фаворитска улога освојувајќи нови три златни медали на ЗОИ. Тој се закити со најсјајните одличја на трките на 12,5 километри, на 15 километри „масовен старт“ и во мешана штафета, потврдувајќи зошто важи за еден од најдобрите бијатлонци на денешницата. Фуркад стигна до бројката од пет златни олимписки медали во кариерата, со што е најтрофеен француски спортист во историјата, без оглед дали станува збор за летни или зимски ОИ.

Марит Бјерген

Норвежанката испиша историја во Пјонгчанг. Таа се натпреварува на ЗОИ уште од 2002 година, секогаш е при врвот, па овојпат во Јужна Кореја стигна до две златни, еден сребрен и два бронзени медали.

Она што ќе остане запишано во историјата е дека Бјерген во Пјонгчанг станала спортистка со најмногу медали на ЗОИ, и тоа дури 15 (осум златни, четири сребрени, три бронзени).

Лаура Далмаер

Лаура Далмаер е германска бијатлонка која успеа да стигне до две злата на овие ЗОИ, а во индивидуалната трка освои и бронзен медал. Иако има само 24 години, таа најави дека лесно може да се случи ова да бидат последни Олимписки игри во нејзината кариера.

Си го планирав целиот живот за да успеам на овие Олимписки игри. Постигнав се што сонував, станав олимписка и светска шампионка. Горда сум на себе, но сега треба да размислам што би правела во иднина“ – изјави Далмаер.

Алина Загитова

Алина Загитова е девојката што иако има само 15 години, тоа не и пречеше да го донесе првото олимписко злато на Русија во Пјонгчанг. Таа беше импресивна во своето издание во уметничко лизгање, со брилијантна изведба стигна до златниот медал, но и стана прва во историјата што ја надминала границата од 82 поени при „кратка програма на ЗОИ“.

Се вчитува...