Повеќе од силни емоции, љубов, почит и восхит за сите натпреварувачи во првата инклузивна трка во Македонија – „Трчаме заедно“ која во организација на Фондацијата „Ице Негов“ и Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија денеска се одржа во рамките на дводневната атлетска манифестација „November run 2023“ во Гевгелија.
Сите учесници во првото вакво атлетско издание во Македонија се денешните победници на манифестацијата во Гевгелија која ги обедини атлетичарите од цела држава.
И на крај сите заедно во трката „Трчаме Заедно“ како поттик за сите групи во Македонија кои го сакаат и чувствуваат спортот во себе…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА