Италијанскиот гигант Милан денеска ја затвори ерата на Силвио Берлускони, човекот кој го издигна клубот до небески височини во Италија и во Европа. По 31 година, тој го продаде клубот на новите кинески инвеститори, а медиумите на Апенините направија ретроспектива на се што тој го направи во изминатиот период.
Милан беше европски првак, освојуваше скудета, трофеи во Купот на Италија, беше најдобар од најдобрите. Во клубот играа дел од најголемите светски фудбалски имиња, а Милан беше синоним за одлични трансфери и неверојатни засилувања. Така, на „Сан Сиро“ доаѓаа Марко ван Бастен, Руд Гулит, Франк Рајкард, Роберто Баџо, Алесандро Неста, Андриј Шевченко, Рикардо Кака, Жорж Веа, Дејан Савичевиќ, Звонимир Бобан, Кларенс Сидорф, Мануел Руи Коста, Филипо Инзаги, Роналдињо, Златан Ибрахимовиќ, Александре Пато, а последното звучно име беше Марио Балотели.
По ова, клубот влезе во финансиска криза, не можеше веќе да се носи со врвните европски клубови, па токму затоа и Берлускони одлучи да го продаде на новите кинески инвеститори, кои треба да го вратат клубот од „Сан Сиро“ на старите победнички патеки…
[new_royalslider id=”597″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА