Њукасл ги договори условите за позајмување на напаѓачот на Лестер, Ислам Слимани, до крајот на сезоната. Рафа Бенитез во последниот ден од преодниот рок ги засилува своите редови со висок голгетер, додека се ослободи од Александар Митровиќ кој се врати во Андерлехт и ќе биде позајмен играч до крајот на сезоната.
Вест хем и Монако беа во игра за потписот на Слимани, но „Сент Џејмс парк“ очигледно е најдобра опција за него.
Алжирецот е можеби најголемото промашување на Лестер во историјата. Слимани пристигна како огромно засилување за „лисиците“ по освојувањето на Премиер – лигата пред две години, за него исплатија речиси 30 милиони фунти на Спортинг Лисабон, но напаѓачот едвај да допринесе за клубот. На вкупно 46 натпревари во кои во главно влегуваше од клупа или пак бешее прв избор за напуштање на теренот, Слимани постигна 13 погодоци за Лестер во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА