Најголемото трансфер промашување во историјата на Арсенал се пресели во Шпанија

Рекордното засилување на Арсенал во 2019 година, Николас Пепе одново ја промени средината и по сезона помината во Трабзон дресот на овој турски тим го промени со оној на Вилјареал реализирајќи слободен трансфер. За 29-годишникот тоа ќе биде прв настап во шпанското првенство.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коска е обележан како најголемото промашување во историјата на Арсенал. Тој го засили лондонскиот тим за рекордни 80 милиони евра, но прикажа само бледа слика од блескавите партии во Лил.

Се вчитува...