Компанијата за производство на спортска опрема „Најк“ одлучи да ја прекина продажбата на производи со името на Коби Брајант, пренесуваат светските медиуми. Тој имаше соработка со американската компанија пред неговата смрт. Патики со неговиот потпис се продаваа ширум светот, а Коби беше едно од најголемите заштитни лица на брендот.
Сите тие кои сакаа да купат производи од „Најк“ со потпис од Коби преку он-лајн продавницата добија известување дека продажбата е сопрена.
„Најк престана да продава производи со името на Коби Брајант како би ги спречило препродавачите да профитираат од смртта на легендата“, наведува новинар на ЕСПН повикувајќи се на извори од компанијата.
За потсетување, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња загина во хеликоптерска несреќа која се случи во неделата во Калифорнија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

