Аргентински „Гол“ објави листа на најдобрите 100 фудбалери во историјата на оваа игра. И предизвика реакции на негодување и потсмев од целиот свет.
Посебно критики на една ваква листа имаше од европските медиуми, кои сметаат дека ова е само некаква шега кога не му одговора на фудбалот.
И, ако за првите пет на листата и нема премногу замерки (Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Пеле, Диего Марадона и Алфредо Ди Стефано), се останато предизвика жестоки реакции.
Па, на шестото место е Чави Ернандес, пред Јохан Кројф и Бразилецот Роналдо, што е несоодветно за многумна. Но, најголем шок е 17. место за Аргентинецот Анхел Ди Марја, кој е две места пред капитенот на Хрватска и освојувач на „Златната топка“, Лука Модриќ, или Андрес Иниеста на 20. место и Бразилецот Роналдињо на 21. место.
Вистински шок претставува и тоа што на листата од 100 го нема еден Вејн Руни, а го има Радамел Фалкао (74) пред Карим Бензема, на пример, кој е на 85. место. Или Артуро Видал на 80. место кој е подобар од Руд Гулит (81), Стивен Џерард (82) и Френк Лампард (83). Според многумина изненадувачки е и Златан Ибрахимовиќ да биде цели 24 места пред еден Дејан Савичевиќ.
„Ова е навистина грозно. Потсмев со фудбалот. Најлош избор на најдобри 100 кој постоел во историјата. Па, Ди Марија сам себе не би се ставил на 17. место, а ни неговата мајка не би го ставила“ – се некои од коментарите на социјалните мрежи по објавената листа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

