Хан Кванг-Сонг е 22-годишен фудбалер од Северна Кореја кој на почетокот од годинава од Италија се пресели во Катар. Иако е роден во Пјонгјанг, фудбалски израсна во Каљари а во јануари оваа година потпиша договор со торински Јувентус.
Кванг-Сонг за Јувентус потпиша на 2. јануари оваа година за 3,5 милиони евра, а само шест дена подоцна „Старата дама“ го продаде за пет милиони евра во катарски Ал-Духаил каде веднаш започна да игра. И ништо тука не е спорно, но поради неговиот трансфер од Италија во Катар е замеше и Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
Се активираше случај поради тоа што, според прописите на Советот за безбедност на ОН, со трансферот се кршат санкциите наметнати кон севернокорејскиот режим, кој забранува работа на граѓаните од неговата земја во странство.
Според извештајот од Советот за безбедност на ОН, со трансферот на Кванг-Сонг се кршат економските санкции изречени кон Пјонгјанг.
Секој Севернокореец е обврзан да исплати дел од заработената плата и за режимот на Ким, а со овој трансфер е извршено негово финансирање, што е против прописите на ОН. И место 22-годишниот фудбалер пред декември 2019 година, според налозите, да биде депортиран во Северна Кореја, Јувентус го пушта во Кипар да заработува сериозни финансиски средства, и според ОН, на тој начин да го засилува режимот на Ким во Северна Кореја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

