Најкорисниот играч од 2015 доби отказ од Њу Ингланд

Најкорисниот играч од сезоната 2015/2016 квотербекот Кем Њутн доби отказ од Њу Ингланд Петриотс. Њутн минатата сезона дојде во Петриотс од редовите на Каролина Пантерс со која беше дел од Супербоул 50 кој се играше во 2016 година.

Њутн минатата сезона имаше просечни бројки, но по претсезоната се очекуваше да биде стартер пред „новајлијата“ Мек Џонс.

Сепак, Бил Беличек се одлучи за младиот Џонс во кого гледа нов Том Брејди и со кој верува дека ќе се врати во врвот на НФЛ лигата.

Њутн во моментов е без клуб, а како ќе одминува времето се очекува некој од тимовите да го потпише барем како „бек-ап“.

 

Се вчитува...