Најкорисниот играч во АБА лигата е нов кошаркар на Дубаи

Кошаркарите на Дубаи добија ново засилување за првата сезона во која ќе играат во Евролигата. Во тимот од „Кока кола“ арената доаѓа Мекинли Рајт, минатогодишниот МВП на АБА лигата.

Овој плејмејкер на тој начин дополнително го засили ростерот на тимот од Дубаи, кој од следната сезона ќе биде еден од фаворитите за највисок пласман во АБА лигата.

Рајт во тимот на Будуќност имаше просек од 12,8 поени, 2,4 скока и 4,9 асистенции.

Се вчитува...