Најлош Манчестер Јунајтед во последните 37 години, се тресе клупата на Тен Хаг

Галатасарај во вторникот вечер го „смрзна“ Олд Трафорд во 2. коло во ЛШ. Турскиот тим важеше за благ аутсајдер, но со трите бода си замина од ова гостување, и така ја продлабочи кризата на Манчестер Јунајтед.

Екипата не памети ваков лош почеток уште од 1986 година, а тоа беше во првата сезона во ерата на легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој го презеде тогаш кормилото на „Црвените ѓаволи“.

Денеска Јунајтед е во нова криза, никој не знае која по ред. Катастрофално звучи дека Ерик Тен Хаг по вчерашниот пораз од Галатасарај, е првиот менаџер кој загуби на шест од првите 10 натпревари во сезоната. Четири порази во Премиерлигата и два во Лигата на шампионите.

Гласините за смена на Ерик тен Хаг се се погласни, а неговиот коментар после мечот беше дека „самите си пукале во нога“. Тој ја презеде одговорноста за лошите резултати, и кажа дека екипата мора да биде подобра. Но, дали тоа ќе успее да го направи Тен Хаг, останува да се види. Особено што веќе во Манчестер Јунајтед е вклучен „алармот“, а може да се очеквува во слендиот период и тренерска смена.

Се вчитува...