Францускиот репрезентативец Н’голо Канте по здобиената повреда би требало да биде надвор и во следните пет натпревари на Челси.
Канте не игра уште од средината на август кога заработи повреда во ремито со Тотенхем (2-2), но тоа што најмногу загрижува е стартот на Светското првенство во Катар кое почнува за помалку од три недели. Французинот заработи нова повреда на почетокот од неделата на тренинг, а сега се очекуваат последните анализи за да се добие конечната дијагноза.
Постои можност да биде на списокот на Дидие Дешамп за Светското првенство, но се е тоа неизвесно.
Англиските медиуми пишуваат и дека Канте одбил да го продолжи договорот со Челси. Моменталниот е со важност до јуни 2023 година. Како опција за него е Арсенал кој е силно заинтересиран за неговите услуги.
Н’голо Канте важи за еден од најчесните фудбалери на денешницата поради својата скромност и својата едноставност поради кои е обожуван ширум светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА