Најлоша во историјата: Беше 23. на ВТА-листата, па нареди 22 порази во низа

Жанг Шуаи од Кина се најде на листата на рекордери во светскиот тенис, но во категорија што апсолутно никој не ја посакува – најмногу порази во низа.

Таа играше одлично до пред една година, обезбедувајќи скок на 23. место на ВТА-листата, по што дојде до неверојатен пад во формата на кинеската тенисерка. Имено, од февруари 2023 година до август 2024 Шуаи претрпе неверојатни 22 порази во низа, што е најдолга негативна серија во историјата на светскиот тенис.

Претходно рекордер во оваа категорија беше Американецот Винс Спадеа со 21 пораз во серјиа од октомври 1999 до јуни 2000 година, но Жанг Шуаи го надмина дури и неговото негативно остварување откако синоќа загуби со 0-2 од Дајен Шнајдер во првото коло во Синсинати.

По серијата катастрофални резултати, кинеската тенисерка од 23. место падна дури на 689. место на најновата ВТА-листа.

Се вчитува...