Најлоши можни вести за Тајрис Халибуртон

Најдобриот кошаркар на Индијана, Тајрис Халибуртон заработи тешка повреда во седмиот натпревар од финалната серија во НБА лигата. Во првата четвртина бекот падна на паркетот во обид за продор па мораше да биде изнесен во соблекувалната со помош на стручниот штаб.

Последните вести од САД носат најлошо можно сценарио за Халибуртон бидејќи станува збор за кинење на ахиловата тетива, една од најлошите можни повреди за еден спортист. Американецот ќе мора веднаш да помине низ оперативен зафат, а голема е веројатноста дека на паркетот за прв пат ќе зачекори дури во сезоната 2026/27.


Халибуртон во плеј-офот бележеше просек од 17.3 поени, 5.3 скокови и 8.6 асистенции.

Се вчитува...