Последнопласираниот тим во Евролигата, германскиот претставник Алба Берлин сака да ја засили центарската позиција со ангажман на двократниот шампион на најсилното европско кошаркарско првенство, Тибор Плајс.
Германскиот центар кој шест години настапуваше за Ефес и ги освои титулите во сезоните 2020/21 и 2021/22 од почетокот на сезоната е член на второпласираниот тим во италијанскиот шампионат, Трапани.
Преговорите помеѓу германскиот и италијанскиот тим се во тек, но останува неизвеност дали искусниот центар кој во минатото настапуваше и за Бамберг, Басконија, Барселона, Галатасарај и Валенсија ќе биде решение за проблематичната позиција на Алба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА