Најлошиот тим во НБА доби нов тренер

Најлошата екипа во НБА лигата изминатата сезона, Детроит Пистонс доби нов тренер. Тоа е Џеј-Би Бикерстаф, доскорешниот тренер на Кливленд кој потпиша петгодишен договор.

На клупата на некогашниот шампион Бикерстаф ќе го замени Монти Вилијамс на кој по очајната сезона во која Пистонс забележаа само 14 победи и 68 порази му беше врачен отказ и покрај долгогодишниот договор.

Се вчитува...