Најлошиот тим за минатата сезона: Кариус, Бонучи, Озил, Санчез…

Лука Модриќ ја доби наградата „The Best“ за најдобар фудбалер во светот за изминатата сезона, а шпанскиот весник „Марка“ го одбра и најлошиот тим. Според очекувањата и квалитетите што ги имаат фудбалерите, избрани се 11 кои тотално потфрлија. А меѓу нив има и навистина звучни имиња.

На голот е Лорис Кариус, кој бранеше катастрофално за Ливерпул, а со две кардинални грешки беше кобен за својот тим во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Во одбраната се Леонардо Бонучи, како и Линделоф и Хауедес. Во средниот ред место добија Бакајоко, од кого многу се очекуваше во Челси, потоа Озил, Снајдер и Гансо. И во нападот има звучни имиња. Тука се Алексис Санчез кој не покажа речиси ништо, а заработува огромни пари во Манчестер јунајтед, заедно со Ихеаначо и со Вието.

 

Се вчитува...