Хрватскиот стратег Иван Јуриќ кој не се прослави на клупата на Саутемптон каде беше доведен со цел да избори опстанок во Премиерлигата, но не успеа во целта забележувајќи само една победа и едно реми на 14 одиграни натпревари па експресно доби отказ во новата сезона би можел да предводи тим од Лигата на Шампионите.
Станува збор за Аталанта која ја бара замената за Џанпјеро Гасперини, а еден од потенцијалните тренери според италијанските медиуми е и хрватскиот стратег.
Покрај Јуриќ кој има богато искуство во Италија каде ги предводеше Торино, Верона и Рома како можни тренери се споменуваат и Тијаго Мота, Игор Тудор и Патик Виера, но нивен ангажман би бил проблем со оглед на договорите кои овие тренери ги имаат со поранешните тимови Џенова и Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

