ПАсквале Мацоки е сериозен кандидат за најлошо деби во историјата на Наполи откако овој бек поцрвене непосредно по влегувањето во игра на гостувањето против Торино.
Мацоки пред неколку дена од Салернитана потпиша за Наполи, а тренерот Мацари реши да го уфрли во игра на паузата меѓу двете полувремиња меѓу Торино. Бекот беше максимално мотивиран, но „изгоре“ во желбата, откако несмасно стартуваше по само четири минути игра на теренот во дресот на Наполи.
Судијата му покажа жолт картон, но по прегледната снимка и високо отворениот ѓон кон коленото на противникот следеше ВАР-реакција и промена на бојата на картонот – од жолта во црвена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА