Најлошото мина: Рико веќе не е на интензивна нега

Шпанскиот голман Серхио Рико ја продолжува рехабилитацијата по тешката повреда на главата со која се здоби пред околу еден месец, кога едвај преживеа по падот од коњ и ударите здобиен од ова животно во бизарната несреќа во Шпанија.

Рико се уште се лекува во клиниката во Севилја, каде лекарите по долга битка успеаја да му помогнат да ја извојува најважната победа во животот. Од таму денеска стигнува нова убава вест, дека фудбалерот на ПСЖ го напуштил одделението за интензивна нега откако состојбата дополнително уште повеќе му се подобрила.

Тој комуницирал без проблеми со сопругата и останатите членови од семејството, виталните функции сега функционираат беспрекорно, а според шпанските медиуми, Рико во наредните месеци би можел целосно да се стабилизира, за наредната сезона дури и да се врати на фудбалските терени.

Се вчитува...