Бамба Диенг 22-годишниот напаѓач на Олимпик Марсеј ја има најлудата приказна во трансфер проеодниот рок. Доживеа 15 минути слава поради неверојатниот расплет кој му се случил во текот на вчерашниот ден. Тоа беше последен ден од преодниот рок, и јасно е дека секогаш има раздвижувања.
Диенг минатата сезона постигна осум гола за Марсеј, но оваа не е во плановите на Игор Тудор, и поради тоа решил да замине. Се било договорено со Лидс, и тргнал на аеродромот за да лета кон Англија. Но…
Во меѓувреме му стигнува подобра понуда од Ница, и тоа на пат кон аеродромот. Во моментов одлучува да ја прифати понудата од Ница, и ги известува челните луѓе на Лидс дека нема ништо од неговиот трансфер.
Допло во Ница на потпис на договорот, и му остана само лекарскиот преглед. Следувало најголемото разочарување, односно Сенегалецот не минал лекарски прегледи, по што францускиот тим се откажа од неговиот ангажман, по што морал да се врати во Марсеј. Ваков расплет може да даде само последниот ден од преодниот рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА