Најлудиот голман на денешницата со порака до Меси: Лео дојди во Астон Вила

Емилијано Мартинез смело го повика својот соиграч од Аргентина, Лионел Меси, да и се приклучи на Астон Вила во летниот преоден рок.

Иднината на Меси во ПСЖ беше предмет на многу шпекулации во последните неколку недели, со оглед на фактот дека неговиот актуелен договор истекува ова лето.

И покрај тоа што има опција да го продолжи договорот за една година, аргентинската суперѕвезда се чини дека ќе го напушти „Паркот на принцовите“ без обештетување откако одби продолжување на договорот.

Сепак, како најголеми фаворити за потписот на најдобриот фудбалер на сите времиња се Ал-Хилал од Саудиска Арабија, Интер Мајами од САД и Барселона каде би направил кам-бек.

Се вчитува...