Најлудиот голман во историјата на фудбалот ја одведе Австралија на СП (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Австралија е претпоследниот патник на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар. Тие во интерконтиненталниот бараж по изведување на пенали славеа против Перу со 5-4.

Двете репрезентации ни понудија едни тврди деведесет минути во кои поважно беше да се одбрани голот, откалку похрабро да се нападне кон противничкиот. Нешто слично се случуваше и во продолженија, па по 120 минути игра останаа почетните 0-0.

Во последната минута селекторот на Австралија се одлучи да го смени искусниот Рајан и да му даде пеналите да ги брани веројатно најлудиот голман во историјата на фудбалот Редмејн. Тој буквално трчаше по гол линијата и правеше различни акробации во текот на цела серија. Целиот ритуал беше доволен за да успее да спречи два пенали на Перу и да ја одведе својата репрезентација во Катар. За Австралија ова е шести настап на Мундијалите.

Последниот патник на Светското првенство во Катар ќе го дознаеме утре во натпреварот во кој се среќаваат Коста Рика и Нов Зеланд.

Пеналите меѓу Австралија и Перу можете да ги погледнете на следниот линк.

Се вчитува...