Фиорентина се пласираше во осминафиналето на Конференциската лига со вкупен резултат од 5-4 во двомечот со полска Јагелонија.
Иако во првиот натпревар на гостински терен победија со 0-3 и се чинеше дека лесно ќе го елиминираат полскиот претставник, реваншот се покажа како многу предизвикувачки за италијанскиот тим. Во регуларниот дел во Фиренца, Јагелонија стигна до 3-0 благодарение на тројниот стрелец Бартош Мазурек, кој постигна два гола во првото полувреме и еден во второто полувреме.
Fiorentina 0-3 Jagiellonia Białystok – Bartosz Mazurek hat-trick 49′ | agg. 3-[3]
by
u/4gjdtokurwa in
soccer
Па, следеше продолжение во кое Фиорентина постигна два гола и успеа да обезбеди осминафинале во Конференциската лига. Стрелци беа Николо Фаџоли во 107. минута и Мојзе Кин во 114. минута. Сепак, драмата не заврши ни тука, бидејќи Хесус Имаз постигна гол во 118. минута за да обезбеди напната завршница, во која домашниот тим го задржа водството и се пласираше во осминафиналето.
Fiorentina [2]-3 Jagiellonia Białystok – Moise Kean 114′ | agg. [5]-3
by
u/4gjdtokurwa in
soccer
Fiorentina 2-(4) Jagiellonia Bialystok – Jesus Imaz 118′
by
u/977x in
soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

