Најлудиот тим во историјата на фудбалот – Во ист клуб Ибра, Балотели, Џовинко?

Еден од кандидатите за претседател на бразилскиот Васко де Гама, Луиз Роберто Левен ветува дека доколку стане прв човек на клубот ќе донесе големи светски имиња.

Првиот пик му е Златан Ибрахимовиќ кој на крајот на сезоната повторно станува слободен фудбалер. На второто место на цели се наоѓа Марио Балотели кој не е среќен во Бреша. Левен е во одлични односи со Мино Рајола кој е менаџер на двајцата фудбалери.

Левен исто така сака да ги доведе и Џовинко и Јаја Туре. Туре во моментов е без клуб откако заработи отказ во Кина, додека Џовинко настапува за Ал Ријад.

Се вчитува...