Преодниот рок заврши во сите најголеми светски лига, клубовите и натаму може да носат играчи кои немаат договор. Чешкиот третолигаш Виагем Усти над Лабем пред два дена стана сопственик на најлудиот трансфер летово.
Овој клуб потпиша со 22-годишниот Мартин Подхајски, кој никогаш не играл фудбал. Овој студент по право работи во Виагем, компанија за недвижности која стана сопственик на овој тим. Клубот го потпиша поради тоа што таткото доделил спонзорство од 20.000 евра. Притоа имал само еден услов, неговиот син да одигра барем 10 минути во сезоната, а клубот се согласил.
Навивачите го поддржаа овој потег, а за викенд ќе биде во тимот, но ќе поќчне од клубата. Виагем е моментално шести на табелата со 10 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

