Најлудите 10 секунди во Конференциската лига: Како не падна гол, никому не му е јасно (видео)

Дуелот меѓу Молде и Елфсборг ja донесе и најголемата серија на промашувања од формирањето на Конференциската лига, откако норвешките фудбалери промашија три-четири стопроцентни шанси во рок од нецели десет секунди.

Во целата мешаница пред голот на Елфсборг домашните фудбалери не се снајдоа најдобро, па и покрај одличните ситуации не успеаја да ја сместат топката во мрежата.

Во тие моменти резултатот гласеше 0-1 за Елфсборг, но токму по оваа серија промашувања Молде се разбуди, па постигна четири гола до крајот и со одлични 4-1 ќе патува на реваншот во Шведска.

Се вчитува...