Најлудите 50 секунди во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

На денешен ден пред 10 години, Ватфорд и Лестер одиграа неверојатен меч во полуфиналето од доигрувањето за Премиерлигата. Завршија со најлуди 50 секунди во историјата на фудбалот.

Лестер првиот натпревар го доби со 1-0 на својот стадион, а Ватфорд на реваншот водеше со 2-1 и се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија, со оглед на тоа што во плејофот од Чемпионшип не важи правилото за гостински гол. Судијата Мајкл Оливер покажа четири минути судиско продолжение, но дозволи да се игра до 97. минута откако наседна на актерството на Ентони Нокерт и досуди пенал за Лестер.

На семафорот пишуваше 96:02, Нокерт се одлучи сам да го изведе пеналот, додека траеше протестот на играчите на Ватфорд кон судијата. Нокерт имаше меч-топка за Лестер, но Алмунија му го одбрани пеналот. Топката се одби повторно до Нокерт кој само требаше лесно да ја протне во мрежата, но Алмунија неверојатно го одбрани и тој обид.

Фудбалерите на Ватфорд ја одбија топката во поле, во очекување на крај на мечот. Но, вистинскиот хаос само што почна. Повлечена беше брза контра на Ватфорд, а Трој Динеј постигна гол за 3-1 и пласман на Ватфорд во финалето. На семафорот пишуваше 96:52… Се се случи за само 50 секунди.

Сепак, иако на драматичен начин влезе во финалето од доигрувањето, Ватфорд загуби во финалето од Кристал Палас со 1-0 и не успеа да обезбеди место во Премиерлигата.

Се вчитува...