Тројцата најдобри спортисти во една од најатрактивните атлетиски дисциплини – скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис, Американецот Сем Кендрикс и Французинот Рено Лавилени утре подготвуваат специфично натпреварувње во кое ќе се обидат што повеќе пати да прескокнат висина од пет метри за 30 минути.
Светскиот рекордер, 20-годишниот Дуплантис, кој во Глазгов оваа година прескокна 6,18 метри, ќе скока во својот тренинг-камп во САД, додека Французинот и Американецот во своите домови, во Франција односно САД.
Интернационалната атлетска федерација објави дека овој натпревар ќе може во живо да се следи преку интернет-пренос.
Сем Кендрикс е двократен светски шампион од 2017 и 2019 година, а Лавилени е поранешен светски рекордер и олимписки шампион од 2012 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА