Најлудото видео за Халанд, можеби Ерлинг навистина е робот (видео)

Ерлинг Халанд е главна фаца во светскиот фудбал по извонредниот старт на авантурата на Норвежанецот во дресот на Манчестер Сити. Работата отиде дотаму што дел од противничките фанови почнаа кампања за на Ерлинг да не му биде дозволено да настапува во Премиер-лигата, бидејќи е „робот“ и поседува натчовечки способности.

Секако, кампањата е стартувана на шега, но настапите на Халанд се вонсериски и дефинитивно ги загрижуваат сите ривали на „граѓаните“.

Денеска беше објавено и лудо видео од настап на Халанд за норвешката репрезентација, на кое се гледа како еден противнички фудбалер тргнува грубо на Халанд. И потоа на теренот влегуваат медицинските лица со носилка… Погледнете го видеото до крај…

Се вчитува...