Најмалерозниот фудбалер во светот има нов клуб

Џузепе Роси низ годините го доби прекарот „најмалерозен фудбалер во светот“, пред се поради честите повреди со кои италијанскиот голгетер се соочи во текот на својата кариера. Тој од денеска има нов клуб, откако потпиша договор со италијанскиот второлигаш СПАЛ, со важност до крајот на сезоната.

Тој своевремено важеше за еден од најталентираните млади голгетери во светот, си обезбеди и трансфер во Манчестер Јунајтед, но низата тешки повреди на колената на двете нозе го оневозможи да го исполни потенцијалот што го поседуваше. Врз Роси беа извршени дури четири операции на вкрстените лигаменти на колената, но тој е решен да не се откаже без борба, па се надеваа дека преку СПАЛ ќе ја воскресне својата кариера.

„Џузепе Роси е нашиот голем проект. Минатата седмица одигра пријателски натпревар и постигна прекрасен погодок. Се чувствува добро, тоа е најважно. Наскоро ќе биде максимално подготвен, среќни сме што го имаме бидејќи во Серија Б нема друг играч со квалитетите на Роси“, изјави сопственикот на СПАЛ, Џо Такопина.

Се вчитува...