Најмалиот син на Диего Симеоне потпиша за Сарагоса

Џулијано Симеоне, најмладиот син на познатиот тренер на Атлетико Мадрид Диего Симеоне,  потпиша за Сарагоса. Во минатата сезона тој настапуваше за Б тимот на Атлетико Мадрид во третата лига, и постигна 25 голови.

Сарагоса се натпреварува во втората шпанска лига. Џуилијано е напаѓач, и се очекува да му помогне на тимот да се пласира во „елитата“ во Шпанија.

Вториот син на Диего, Џовани Симеоне игра за Верона, и беше еден од најдобрите во минатата сезона.

Се вчитува...