Педесетина навивачи на Хамбургер беа повредени, додека во градот се славеше враќањето во Бундеслигата на екипата.
Клубот се врати во најелитното фудбалско натпреварување после седум години по испаѓањето, откако во клучниот меч го совлада Улм со убедливи 6-1 во претпоследното коло во „Цвајте“.
По мечот неколку илјади навивачи на тимот истрчаа на теренот за да прослават. Германските медиуми јавуваат дека најмалку 44 лица побарале медицинска помош за време на прославата, додека 25 лица се хоспитализирани, од кои едно се бори за живот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

