Најмалку две лица загинаа на прославата во Париз (ВИДЕО)

Откако ПСЖ ја освои Лигата на шампионите со убедлива победа од 5-0 над Интер, на улиците на Париз избувнаа нереди, во кои беа уапсени дури 559 лица. За жал, прославата заврши со два изгубени животи.

Како што објави француската полиција, 20-годишен возач на скутер починал во 15-от арондисман во Париз откако бил удрен од автомобил кој наводно превезувал париски навивачи, пренесува РТЛ. Во градот Дакс во регионот Ландес , тинејџер беше избоден со нож за време на прослава. Во Гренобл, несовесен возач удрил четири члена од исто семејство, а двајца од нив се во тешка состојба.

Инциденти избувнаа низ целата земја, а само во Париз беа мобилизирани 5.400 полицајци. Од 559 приведени, дури 491 лице беа уапсени во Париз, а 254 од нив завршија во притвор.

Во Париз нередите започнаа во вториот дел од средбата кога веќе беше јасно дека ПСЖ ќе го освои трофејот. На неколку места избувнаа судири помеѓу полицијата и мали групи на хулигани, при што беа разменувани солзавци, петарди…

Имаше и искршени автомобили, запалени неколку продавници, оштетени неколку сообраќајни знаци и семафори. На познатата авенија Шанзелизе беа запалени и велосипеди за изнајмување.

Се вчитува...