Голманот на Бенфика, Миле Свилар, влезе во историјата како најмлад чувар на мрежата во историјата на Лигата на шампионите откако се појави во стартниот тим на португалскиот гигант на дуелот со Манчестер јунајтед.
Тимот на Жозе Мурињо славеше во Лисабон со 0-1 токму по катастрофалната грешка на овој голман, кој по центаршутот на Рашфорд не реагираше најдобро, влегувајќи во мрежа сосе топката во раце.
Деби што дефинитивно е за заборав, уште повеќе ако се знае дека 18-годишниот голман досега немаше ниту еден официјален натпревар за Бенфика, беше „фрлен во оган“, но наместо да се „челичи“, Белгиецот со српско потекло изгоре во преголемата желба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА