Најомразениот лик во НБА: Не сум јас виновен, медиумите ме прикажуваат како негативец

Кошаркарот на Мемфис, Дилон Брукс го остави својот тим на цедило во третиот осминафинален натпревар во серијата против Лос Анџелес Лејкерс откако заработи исклучувачка лична грешка по ударот на Леброн Џејмс во меѓуножјето.

Брукс веќе подолго време важи за најомразениот лик во НБА лигата со серија на контроверзии како удари во меѓуножјето, удари во лицето, непотребно буткање на сниматели… Сепак тој смета дека воопшто не е „валкан“ играч и ваквиот епитет го добил од омразата на новинарите.

„Веќе две години се соочувам со притисок против мене. Медиумите ме прикажуваат како лош лик и навивачите ме гледаат како негативец. Зошто мислите дека намерно би ги правел тие работи, зошто би го удрил Леброн? Јас само играм кошарка, јас сум кошаркар“, вели Брукс.

Се вчитува...