Најплатената фудбалерка во историјата оди во пензија

Американската фудбалерка Карли Лојд (39) објави дека ја завршува професионалната кариера на крајот од тековната сезона.

За крај, во септември и октомври, таа ќе одигра два пријателски натпревари за репрезентацијата на САД, за која досега постигна 128 голови на 312 настапи.

„Кога првпат играв за САД во 2005 година, сакав да станам комплетен играч и да му помогнам на тимот да освои титули. Никогаш не сум зела ништо здраво за готово, особено знаејќи колку е тешко да се стигне до врвот, а уште потешко е да се остане на врвот. Мило ми е што моето семејство беше со мене во последното поглавје од мојата кариера. Сега ќе можам да поминувам повеќе време со нив, особено со сопругот Брајан, кој ми беше најголема поддршка сите овие години“, изјави Лојд.

Лојд двапати беше прогласена за најдобар играч во светот, а со САД беше двократен светски и олимписки шампион. Во март оваа година, таа беше прогласена за најплатена фудбалерка во историјата со заработка од 518 илјади долари годишно.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CARLI LLOYD (@carlilloyd)

 

Се вчитува...