Реал Мадрид го има најплатениот фудбалер во Ла Лига оваа сезона, но тоа не е ниту Џуд Белингем ниту пак Винисиус Жуниор. Мадридскиот весник „Ас“ ја објави листата на најплатени играчи во шпанскиот шампионат, на која на врвот сосема неочекувано се наоѓа Давид Алаба.
Австрискиот репрезентативец одби мегапонуда за нов договор со Баерн и како слободен играч се пресели во Реал Мадрид, а Алаба дефинитивно добро го наплати тоа ако се знае дека месечно има бруто заработка од 1,88 милиони евра. „Кралевите“ пред две години не жалеа пари за да го доведат, но одличниот дефанзивец сепак не ја оправдува инвестицијата поради серијата тешки повреди што ги заработи во овој период.
Веднаш зад Алаба, со бруто плата од 1,87 милиони евра месечно се наоѓа Роберт Левандовски, кој исто како и Австриецот го напушти Баерн Минхен за да се пресели во Шпанија.
Винисиус и Џуд Белингем имаат иста плата од 1,67 милиони евра месечно (бруто), а иста сума заработува и Илкај Гундоган по слободниот трансфер од Манчестер Сити во Барселона минатото лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

