Најплатени фудбалери во Серија А: Двајца од Јувентус се во Топ 3 листата

Јувентус не се натпреварува во европските купови, но „старата дама“ се уште издвојува најмногу пари на плати на фудбалерите. Ова го потврдува и новата анализа на „TMW“, според која тројца од четирите најплатени играчи се членови на Јуве.

Четиринаесет фудбалери кои настапуваат во Калчо-лигата ја надминуваат границата од пет милиони евра нето плата по сезона, а на врвот се наоѓаат тројца играчи, и тоа Душан Влаховиќ и Адриан Рабио од Јувентус и Ромелу Лукаку од Рома. Ова трио заработува по седум милиони евра нето, за половина милион повеќе од голманот на Јуве, Војчеш Шчесни.

Најплатените фудбалери на Интер, Лаутаро Мартинез, Маркус Турам и Хакан Чалханоглу, имаат по шест милиони евра годишно, исто колку и Алекс Сандро од Јувентус.

Веднаш зад нив е Бастони од Интер со 5,5 милиони евра годишна плата, а зад него следат Барела и Павар (Интер), Киеза и Бремер (Јувентус), како и Рафаел Леао (Милан).

Границата од пет милиони евра не ја надминува ниту еден фудбалер на шампионот Наполи, па не е никакво изненадување што Осимен и Кварацкелија сериозно размислуваат за заминување од овој клуб на крајот од сезонава.

Се вчитува...