Најпознатиот навивач во светот мора да го продаде тапанот за да преживее

Најпознатиот фудбалски навивач во светот, славниот Шпанец, Маноло ќе мора да го продаде својот тапан за да може да преживее. Кризата од коронавирусот влијаеше и на Маноло кој во периодот на пандемијата од коронавирусот не може да врз крај со крај.

„Доколку не добијам финансиска помош ќе мора да го продадам тапанот. Пензијата која ја добивам не ми е доволна за да преживеам. Кафулето поради кризата не работи“, изјави Маноло. 

Маноло во 2009 година ја посети и Македонија, кога беше дел од пријателскиот натпревар во кој се одбележуваа 100 години од фудбалот во Македонија меѓу нашата репрезентација и „црвената фурија“ која гостите го добија со 2-3.

Се вчитува...