Партизан е пред пласман на Ф4 во Евролигата откако победи и на вториот натпревар во Мадрид против Реал. Вториот меч во кој Србите го прегазија шпанскиот великан ја одбележа општата тепачка во финишот во која најлошо помина Данте Егзум.
Сепак, овој судир меѓу играчите на Реал Мадрид и Партизан е ништо во споредба со најжестоките тепачки во историјата на кошарката.
На спортските терени во Македонија, Ѓорѓи Чековски на пријателскиот натпревар меѓу МЗТ Скопје и украински Черкаси тргна сам да се пресмета со тројца противнички кошаркари, па на крај еден од нив се криеше зад клупата за резерви, со столче во рацете….
Во оваа листа мора да се вметне и легендарната „пријателска“ во „ОАКА“ во Атина меѓу Србија и Грција во која по мечот им се закануваше и казна затвор на дел од актерите.
Кога е НБА лигата во прашање неминовно е да се потсетиме на феноменалниот „дуел“ меѓу Индијана и Детроит во кој главните улоги ги имаа Бен Валас и Рон Артест (подоцна преименуван во Светомир).
Се разбира на крај и дел од тепачките на лутите ривали од 80. Лејкерс и Селтикс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

